Македонија 30. октомври 2018. / 12:28

ОЈО ќе почне истрага против Иванов бидејќи одбил да ги потпише Законот за јазици и ратификацијата за Договорот од Преспа

ОЈО ќе почне истрага против Иванов бидејќи одбил да ги потпише Законот за јазици и ратификацијата за Договорот од Преспа

Основното јавно обвинителство ќе почне истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов поради прекршување на Уставот, објави ТВ21.

Претседалот и покрај тоа што според Уставот беше обрвзан, одби да ги потпише Законот за јазици, како и ратификацијата за Договорот од Преспа.

Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Според член 75 од Уставот, претседателот е должен да го потпише указот доколку законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Македонија и од Кабинетот на претседателот за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на претседателот.