Македонија 30. јануари 2021. / 15:13

Охриѓанецот кој почина од британскиот сој на коронавирус имал прекумерна тежина

Охриѓанецот кој почина од британскиот сој на коронавирус имал прекумерна тежина

Лице на возраст од 46 години од Охрид е првата жртва на британскиот вид на корона вирус.

Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди веста за „Фокус”. Тој за медиумот додава дека кај пациентот постоел ризик фактор – гојазност, односно имал прекумерна тежина.

Случајот е од четврти јануари, кога кога бил потврден позитивен тест кај заболениот. Исто така, регистриран е уште еден случај на новиот тип на корона вирус кај пациент од Скопје, кој се излекувал пред четири дена. Неговиот случај е од 18-ти јануари.