Македонија 20. јули 2019. / 20:00

Oхрид не се откажува од надлежностите туку бара соработка со владата

Oхрид не се откажува од надлежностите туку бара соработка со владата

Охрид не бара од владата да ги преземе надлежностите туку заедно да работатат по препораките на Унеско. Од локалната најавија дека општината нема испратено официјално барање до владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето, пренесува Сител.

Тие очекуваат заеднички преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор да ги решаваат сите препораки на УНЕСКО се со цел на наредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност.

Вчера премиерот Заев изјави дека покрај Струга централната власт ќе ги земе ингеренциите и од градот Охрид и ќе се проверуваат сите записници за дивоградби. Додека пак градоначалникот на Охрид Георгиески на прес конференцијата по враќањето од Баку најави дека очекува помош од државата за рушење на дивоградбите бидејќи не може општината сама да се справи со проблемот.

Архитектот Зарчев, кој своевремено како Претседател на тогашното Собрание на општина Охрид, бил вклучен во постапката за прогласување на Охрид како град на УНЕСКО вели дека тешко ќе се реши проблемот со дивоградбите кој се провлекува години наназад бидејќи се толерира неурбанистичко градење поради одредени политички и бизнис интереси.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.