Македонија 28. април 2020. / 16:49

Одлуката на Уставниот суд ја поткопува солидарноста во земјата, велат од Влада

Одлуката на Уставниот суд ја поткопува солидарноста во земјата, велат од Влада

Владата смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на  2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.

-Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19, стои во соопштението од Владата.

Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со корона вирусот.

За потсетување, судиите денеска ја поништија Уредбата за висината на платата на избраните, именувани и назначени лица, со која покрај функционерите во извршната, имаше предлог на минимална плата да бидат ставени и судиите и јавните обвинители.