Македонија 11. февруари 2021. / 08:19

Одложено денешното примање на вакцините од Србија, недостасувал документот

Одложено денешното примање на вакцините од Србија, недостасувал документот

Доцна синоќа од кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, информираа дека се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Македонија.

Оттаму соопштија дека одложувањето е поради неопходна дополнителна техничка документација, пренесе дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението на Службите за соработка со медиумите на претседателот на Србија, се наведува дека вакцините ќе и бидат предадени на нашата земја во наредните денови.

Македонската Владина прес служба, исто така, информира дека настанот за кој се акредитираа новинари и фоторепортери за утре, се одлага за неопределено време.

Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме.