Македонија 14. август 2020. / 12:46

Од утре во Србија само со негативен ПЦР тест

Од утре во Србија само со негативен ПЦР тест

Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, одлучи Кризниот штаб. Одлуката важи за С. Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат на сила од утре.

ПЦР тект не е потребен за српските државјани коишто доаѓаат од земјите во соседството.