Македонија 06. март 2021. / 22:56

Од среда вакцинирање со руски вакцини

Од среда вакцинирање со руски вакцини

Првите 3.000 дози од руската вакцина „Спутник V“ утре пристигнуваат во Македонија.

Првиот контингент, од договорените 100.000 дози, ќе пристине на скопскиот аеродром, според најавите околу 14 часот. Министерот за здравство, Венко Филипче, вакцинирањето на населението да започне во среда.

– Ги добивме сите потребни документи од руската компанија за да ја подготвиме административната постапка во Агенцијата за лекови и да подготвиме дозволи за ставање во употреба на вакцината за време на викендот и веднаш по пристигнувањето. Многу веројатно во среда ќе започне вакцинацијата, а пратката утре треба да пристигне на скопскиот аеродром околу 14 часот, рече Филипче.

Иако претходно се зборуваше за 100.000 дози од руската вакцина, Филипче денеска рече дека се работи за 200.000 дози.

Во однос на кинеските вакцини, кои се најавуваа како сигурни, а потоа беше вратен авансот, Филипче и натаму тврди дека се завршени сите потребни административни работи и дека само прашање на ден е кога ќе стигнат и тие 200.000 дози.

– Во нашата земја, во месец март според најавите на прозиводителот Фајзер треба да бидат испорачани 21.060 дози вакцини, а исто така треба да пристигнат и вакцини од прозиводителот Астра Зенека, кои се обезбедени преку Ковакс механизмот, соопштуваат од Министерстото за здравство.

Официјално во Македонија вакцинацијата започна на 17 февруари со вакцините на Фајзер кои пристигнаа како донација од Србија. Со нив досега се вакцинирани 3.500 медицински работници со собиените 8.000 дози.

Инаку, во последните 24 часа во Македонија се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19. Исто така, министерството информира дека се регистрирани 186 оздравени пациенти, додека починати се вкупно 9 лица.