Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува, велат од владејачката партија.
Тие сметаат дека по 19 години Република Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, солгасно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации.
– Пописот е важна статистичка операција за прибирање на целосни, точни и релевантни податоци кои се основата за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството, велат од центарот за комуникации со јавноста од СДСМ.
Тие додаваат дека пописот ќе биде во рамките на сите светски стандарди.