На вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Данска и покрај забраната за публика, директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и неговиот брат спротивно на протоколите присуствуваа на натпреварот.
Пратеникот Каевски и градоначалникот Темелковски за а1.он кажале дека добиле покана од Ракометната федерација на Македонија, но генералниот секретар се оградува од упатување било каква покана.
– Како федерација апсолутно и максимално ги почитуваме сите здравствени протоколи и превентивни мерки. Јас како генерален секретар на РФМ се оградувам од упатување каква било покана, кажал Милошоски за А1он.