Македонија 03. јануари 2020. / 14:16

Од 8 јануари паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Од 8 јануари паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Од 8 јануари цените на паркинг за 1 час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се покачат за 20 денари, соопштија од претпријатието.

Во Општина Центар, се цели во соопштението, живеат повеќе од 45.000 жители, кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со паркирањето и поминуваат по неколку часа во нивните автомобили барајќи слободно паркинг место. Со цел да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови, од 8 јануари 2020 година, цените за паркинг за 1 час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се покачат за 20 денари. Ова покачување се однесува само за паркиралиштата со наплата, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти. Жителите на Општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Одлуката за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, била донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, а едногласно била изгласана од советниците на сите политички партии на последната седница на Советот на Општина Центар.