Македонија 08. март 2021. / 10:27

Обвинителството да го расчисти случајот „Јавна соба“, порача Заев

Обвинителството да го расчисти случајот „Јавна соба“, порача Заев

Премиерот Зоран Заев, честитајќи го празникот на жената – 8 Март, во своето видео-обраќање го повика Обвинителството да го расчисти случајот „Јавна соба“.

„Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени. Како премиер, ги повикувам и владините надлежни институции да ги забрзаат измените во законската регулатива, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик со мерки за итно постапување на овие случаи. Да оневозможиме идни Јавни соби“, рече меѓудругото Заев.