Македонија 21. септември 2018. / 22:06

НВО активистот Едвард Џозеф: Да бев македонец ќе гласав за промена на името

НВО активистот Едвард Џозеф: Да бев македонец ќе гласав за промена на името

Средбата на премиерот Зоран Заев и потпретседателот на САД Мајк Пенс претставува силна порака од американската Влада за поддршка на позитивен исход на референдумот на 30-ти септември, вели Едвард Џозеф, член на невладината организација “Меѓународна Кризна Група”.

„Потпретседателот Пенс објави соопштение, кое целосно ги поддржува Договорот од Преспа и членството на Македонија во Европската унија и НАТО“, изјави Џозеф за „Гласот на Америка“.

Тој вели дека ако бил граѓанин на Македонија, независно дали етнички Македонец, етнички Албанец или припадник на која било друга заедница, без никаков сомнеж би гласал на претстојниот референдум.