Македонија 18. август 2020. / 12:38

НСРР од Заев бара повеќе жени во структурите на одлучување и во извршната власт

НСРР од Заев бара повеќе жени во структурите на одлучување и во извршната власт

Националниот совет за родова рамноправност како мрежа на повеќе од сто женски локални организации во државата од мандатарот за Влада на Република С. Македонија Зоран Заев бара при составување на членови/ки на Владата биде исполнета и една од нивните основцни цели: повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт.

Оттаму додаваат дека тој досега докажал дека поставувајќи 50 проценти жени на кандидатските листи на коалицијата Можеме на изборите 2020, за него тоа е  водечки принцип и истото го очекуваат и при составувањето на оваа влада.

Нашиот пат е Европската Унија и како пример би ја посочиле Репиблика Франција, каде од 31 министерства, 17 од нив ги водат жени.

Успешните држави во кои владее рамноправноста гарантираат благосостојба на сите граѓани/ки, каква што во иднина сакаме да биде Република С. Македонија, велат од НСРР.