Додека сите земји во светот бројат колку луѓе се вакцинирани и колку вакцини се набавени, во Македонија нема вакцина ниту за лек.
Откако пропаднаа најавите за пристигнување на вакцините во декември, па јануари, денеска пропадна и обидот за превземање на подарените вакцини од соседна Србија.
Наместо да набават вакцини, властите отворија сајт за да може граѓаните да се пријават за вакцини. Во текот на вчерашниот ден , граѓаните со поплаки поради долгото чекање за регистрија. Денеска пак сајтот за вакцинација падна и граѓаните не се во можност да се пријават за вакцинирање.