Некои во државни и владини институции, а некои во партиски позиции е она што ги очекува разрешените директори и управители на јавни и државни институции од ДУИ, пренесува ЦивилМедиа.
Тие ќе добијат нови задачи и нема да добијат „метла“ како што се остави впечаток во јавноста при најавата за реконструкција.
Министерот за економија Крешник Бектеши откри дека за дел од разрешените од страна на премиерот Заев ќе им се даде друга можност, а на оние кои нема да бидат во извршна власт ќе им се даде простор во партиските структури.