Македонија 29. декември 2018. / 13:33

Нови 26 вработувања во МНР: Дали Димитров и кадровикот Кирацовски го прават партискиот список?

Нови 26 вработувања во МНР: Дали Димитров и кадровикот Кирацовски го прават партискиот список?

Министерството за надворешни работи денеска објави оглас за вработување на 26 административни службеници.

Според наши извори од МНР, однапред се знае кои ќе бидат вработени, бидејќи станувало збор за празнење на партискиот список за вработување.

– Како што Министерството за надворешни работи веќе објави, водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија – вели МНР.

Дали ќе бидат вработени службеници согласно мерит системот, или министерот Никола Димитров и генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски однапред имаат составено партиски список, останува да видиме по завршувањето на огласот.