Македонија

Нова средба Димитров-Коѕијас утре во Солун

Нова средба Димитров-Коѕијас утре во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на неговиот грчки колега, Никос Коѕијас утре и задутре ќе биде во Солун на третата по ред четирипартитна средба на министрите за надворешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија.

– Се очекува во дискусијата на тркалезната маса министрите за надворешни работи да се осврнат на предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците/мигрантите кон Балканот, и иднината на Европа и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ – посочуваат од МНР.

Од другите теми во надлежност на ресорните институции ќе бидат опфатени и прашања во врска со прекуграничната соработка во областите на полициската, царинската и цивилната заштита, интерконективноста и транспортното умрежување во регионот, стои во соопштението.

Засега не се знае дали на маса меѓу соговорниците ќе се анјде спорот за името.