Македонија 29. мај 2018. / 14:45

Нова демократија: Владата да не дава однапред зелено светло за интеграција на Скопје во ЕУ и НАТО

Нова демократија: Владата да не дава однапред зелено светло за интеграција на Скопје во ЕУ и НАТО

Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија.

Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните написи во грчките медиуми, според кои, како што утрово објави МИА, предвидена е етапна имплементација на евентуалниот договор, вели дека „грчкиот премиер е подготвен за компромис“.

„Нова демократија ја предупредува владата да не се согласи однапред за било каков договор што ќе му дава на Скопје датум за почеток на преговорите за интеграција во ЕУ и зелено светло за членство во НАТО. Незамисливо е Грција однапред да го предаде преговарачкото оружје што го поседува и да очекува во иднина усогласување на рати од страна на нашата соседна земја“, изјавила Спираки.