Шеќерим Ахмети, познат како „Ел Чека“, објави нова аудио бомба преку социјалната мрежа Фејсбук.
Овојпат се слуша гласот на Радмила Шекеринска, која на функционер на ДУИ му ги кажува нејзините упатства за тоа како да гласа член на Државната изборна комисија и неговиот „одлучувачки глас“ во изборите.
За истото ова дело кое го сторила Шекеринска, СЈО го водеше случајот „Титаник 2“, во кој за истото дело беше осуден екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи – на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими – на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски – 3 години, Сашо Срцев – на 3 години и Елизабета Стефановска – на 3 години затвор.
Во случајот „Титаник 2“ обвинетите буквално го сториле истото кривично дело кое го сторила Радмила Шекеринска во аудио-бомбата која ја објави „Ел Чека“.
Останува да видиме дали актуелната министерка за одбрана, ќе одговара за истото кривично дело.
Инаку, аудио-бомбите ги поседуваше владејачката СДСМ, по што се поставува прашањето: Кој е оној кој на Ел Чека му ја дал оваа аудио бомба и со тоа ја мести Раддмила Шекеринска?