Македонија 12. март 2021. / 22:30

Нов земјотрес во Македонија, почувствуван и во Скопје: Еве ги деталите

Нов земјотрес во Македонија, почувствуван и во Скопје: Еве ги деталите

Пет степени по рихтер е регистриран земјотрес во Македонија во 22 часот и 17 минути со епицентар кај Мавровско езеро.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 10 километри во близина на Мавровско езеро.

Претходно, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје.