Македонија 12. ноември 2020. / 09:35

Нов земјотрес утрово во мавровскиот регион

Нов земјотрес утрово во мавровскиот регион

Нов земјотрес со послаба јачина рано утринава се почувствува во Македонија.

Податоците од ЕМСЦ покажуваат дека земјотресот бил регистриран во 4:51 часот утринава повторно во мавровскиот регион.

Потресот бил со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Македонија вчера во 4:54 часот наутро беше погодена од земјотрес со јачина од 5 степени, по што следуваа поголем број потреси со послаб интензитет. Земјотресот беше почувствуван и во земјите од регионот.