Провладиниот новинар близок до власта, Бранко Тричковски, кој неретко користи навредлив и вулгарен вокабулар, во својот последен статус посакува да умре лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тричковски, години наназад, постојано објавува постови во кои посакува нечија смрт, обезвреднува, понижува, сее омраза и никако да финишира барем еден пријавен случај против него за ширење на говор на омраза.
Имаше некои известувања од Овинителството дека документирала некој случај против него, и сѐ се заврши на тоа.
Се поставува прашањето до кога ќе се толерираат испадите на Тричковски, и ќе се отфрлаат кривичните пријави против него?