Македонија 13. декември 2020. / 18:23

Ниска излезеност на изборите во Штип – цензус најверојатно нема да има

Ниска излезеност на изборите во Штип – цензус најверојатно нема да има

Според последните информации од Штип, излезеноста на вонредните избори за градоначалник до 17 часот изнесува 28.01 %.

Законскиот цензус за легитимни избори е на изборите да излезат една третина од гласачите или 33,3 отсто од запишаните избирачи.

Со оглед на тоа дека на парламентарните избори, ова лето, до 15 часот во Штип излезеноста беше 38 % од граѓаните, овојпат излезеноста е многу помала и најверојатно нема да има цензус.