Македонија 23. ноември 2020. / 20:05

Никовски: Заев подготвен да капитулира пред Бугарија

Никовски: Заев подготвен да капитулира пред Бугарија

Вечерва Ристо Никовски е гостин на ТВ Алфа во емисијата „Што не е јасно“. Поранешниот дипломат на оваа емисија го коментираше ветото од Бугарија, но и политиките на Заев и владејачката партија.

– Најзагрижувачко е изјавата на Заев, најновата, а, тоа покажува спремност на капитулација. Тоа е најстрашното значи, еве признаваат дека сме Македонци, но дали сме биле Бугари до 1944 година кому е тоа важно. А, најосновното е дали имате или немате корен, истакна Ристо Никовски.

Никовски додаде дека во дадената ситуација клучно е зошто Бугарија токму овој момент го поставува тоа прашање. И де факто на поставеното прашање Бугарија е спремна да се конфортира не само со Бугарија туку и со ЕУ.

– Интерес суштински најавуван јасно и гласно од Германија дека до декември ќе организира конференција. Од Бугарија им велат нема, се конфортираат директно, појасни Никовски.

Никовски посочи дека Бугарите се раснени со бугарски синдром каде што биле учени дека Македонци не постојат, дека тие се измислен народ.

– Суштината е кога сега Македонија е на прагот до ЕУ, не ги наметне тие историски синдроми Бугарија, завршува приказната. Македонија кога ќе влезе во ЕУ веќе Бугарија не може да не манипулира. Нејзина предност е тоа што таа пред Македонија влезе во унијата. Нејзина предност е тоа што сега може да условува и да уценува, додаде Никовски.

Никовски додаде дека јазикот е клучот, ако македонски јазик нема Македонија нема да постои. Македонскиот народ постои со векови никој не може да го негира.