Во утринскиот поткаст во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер , тема е заклучоците на Европската Унија за Западен Балкан кои ниту вчера не беа усвоени откако Словачка, Австрија и Чешка се побуниле дека ЕУ премногу ѝ попушта на Бугарија., а гостин е Ристо Никовски поранешен амбасадор и македонски дипломат.
Ова што и се прави на Македонија е историски срам и нецивилизациско и ова што и се прави на Македонија личи на 18 ти век. Прашањето е зошто само две земји. Но вината е наша, затоа што ние не се буниме, Знаете ако некој ве тепа , а вие молчитте, тој ќе ве тепа, ако ти молчиш , ако бебето молчи, не му даваат да цица.. Е ние сме сега овцата, затоа што нашите сметаат дека ние треба да бидеме добри и пријатели, вели Ристо Никовски, македонски дипломат и поранешен амбасадор.
Целото видео може да го гледате на следниот ЛИНК.