Македонија 30. април 2020. / 12:50

Николовски: Сите функционери на СДСМ разликата во платата ја донираат во фондот за борба против Ковид-19

Николовски: Сите функционери на СДСМ разликата во платата ја донираат во фондот за борба против Ковид-19

По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот, рече Љупчо Николоски, генерален секретар на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд.

Разбираме низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици.“, додаде Николовски.

Тој објасни дека справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас.

„Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за  интересите и во интерес на граѓаните.

Заеднички ја надминавме и ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја надминеме и економската криза и овие предизвици“, заклучи Николовски.