Вицепремиерот за борба против криминалот и корупцијата Љупчо Николовски ги повикува претставниците на невладините организации кои работат во областа на спречување на корупција и владеење на правото да достават предлози и идеи до неговиот кабинет, кои потоа би биле инкорпорирале во планот на Владата.
„Заедно да креираме нови мерки и политики за борба против корупцијата и криминалот! Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на оваа Влада и вашите предлози се добредојдени.Отворени сме, во заедничката заложба од особено значење е придонесот од невладините организации“, посочи Николовски.
Доставените предлози треба да содржат:
– Конкретни препораки и образложение за истите
– Конкретни активности за спроведување на препораките
– Надлежни инситуции за спроведување на активностите
– Предлог рок за исполнување на активностите
Предлозите треба да се достават до Кабинетот на вицепремиерот Николовски на следната е-пошта: [email protected] , најдоцна до 19 февруари 2021 година.