Македонија 22. декември 2019. / 13:35

Николовски испрати телеграма со сочувство до семејството на академик Филиповски

Николовски испрати телеграма со сочувство до семејството на академик Филиповски

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати телеграма со сочувство до семејството, пријателите и почитувачите на делото на професор д-р Ѓорѓи Филиповски.

-Со голема тага ја примив денешната тажна вест. Изразувам искрено жалење и сочувство до семејството и пријателите за загубата на Ѓорѓи Филиповски, татко, сопруг, професор, основач на МАНУ, УКИМ, голем човек и мој пријател. Сочувствувам со Вас и вашата болка. Заминувањето на Филиповски во вечното почивалиште е загуба за сите нас и за македонската наука.

Нашата држава загуби врвен професионалец, основач на МАНУ, основач на Факултетот за земјоделски науки и храна, темелник на македонската наука и истакнат член на академската заедница.

Се надевам дека ќе најдете сила и утеха во значајноста на делото што го остави зад себе на полето на образованието и науката.

Неговото дело останува трајна вредност, патоказ и мотив за сегашните и идните генерации – стои во телеграмата на генералниот секретар Љупчо Николовски.