Македонија 01. декември 2019. / 13:47

Николоски: Граѓаните ќе го казнат криминалот и корупцијата на оваа криминална Влада

Николоски: Граѓаните ќе го казнат криминалот и корупцијата на оваа криминална Влада

„Ние нема да ветуваме чуда како Зоран Заев. Ветуваме многу работа и проекти“, порача пред граѓаните на скопски Аеродром потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој денеска во рамки на кампањата Обнова на Македонија разговараше со граѓаните за нивните проблеми, но и за предизборната програма и решенијата кои партијата ги нуди на проблемите.

– Граѓаните ќе го казнат криминалот и корупцијата на оваа криминална Влада, ќе ги казнат Заев и компанија за економскиот пустош кој го оставаат зад себе, ќе ги казнат за националното обезличување и понижувањето на Македонија. Заедно сплотени, единствени силно ќе ги поразиме на предвремените избори, а потоа ќе започнеме со Обнова на Македонија, порача Николовски.