Македонија 25. февруари 2021. / 11:04

Николов: Доколку беше прифатен претходниот проект за Клинички, подобро ќе се одговореше на корона кризата

Николов: Доколку беше прифатен претходниот проект за Клинички, подобро ќе се одговореше на корона кризата

Мене што она најмногу ме мачи како лекар е што не гледам како ќе изгледа финалниот проект нов Kлинички, тоа го нема.

Сите здравствени работници сакаат модерно здарвство, а во моментов ни треба зајакнување и тоа дисперзирано зајакнување, а не како што сега нудат нов клинички центар кој ќе бил одговор на потребите на здравството, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.

Според него доколку се работеше и имаше континуитет сега ќе беше готов проектот од владата на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе зборувавме за втор клинички центар.

Претходниот доколку го продолжеја наместо да го прекинат подобро ќе се одговореше на корона кризата. И наместо реализација на првиот проект го добивме паркингот и тоа не е ниту на два ката како што велеа, а и покрај тоа пак е хаос и со сообрќајот. Сега на кампусот клиники Мајка Тереза недостасува тријажен центар, модерна инфраструктура, а таа беше планирана, рече Николов.

И сега што се прави некаков мегаломански проект за кој ништо не знаеме, а нудат закон, кој велат ќе чини околу половина милијарди евра.