Македонија 24. декември 2020. / 23:46

Николоски: Зоран Заев нема збор да каже дали е против отварање рудник

Николоски: Зоран Заев нема збор да каже дали е против отварање рудник

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за актуелната политичка состојба во земјава.

„Во овој момент сопственикот на Иловица е регистрирана во оваа куќа на Кајмански острови.  Иловица е прашање на опстој на тој крај. Кога му требаа на Заев политички поени беше против отварање на рудник, Еуромакс изгуби на суд и после вишиот управен суд реши да пресуди во нивна корист, а Зоран Заев нема збор да каже дали е против отварање на рудник. По влегувањето на Галена се стекнува со 53% од акциите, ЕБОР има 7%, итн ..

Галена е контролирана од Галена асет менаџмент и нејзин основен бизнис е купување долгови, Ја одзема Владата концесијата, влегува во долгови и оваа компанија ги купува долговите, вели Николоски.  Сега Синот на Цоло Вутов, рударски магнат од Бугарија станува директор на Иловица.