На својот Фејсбук профил, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објави видео од своето вчерашно гостување на „Алсат“. Николоски тврди дека аферата Рекет, како и вмешаноста на Заев во истата, е главната причина зошто Зоран Заев е изолиран на меѓународно ниво.
– Заев упорно ИЗБЕГНУВА ДА ОДГОВОРИ во јавноста кога последен пат имал официјална средба во официјална посета со премиер или претседател, кога последен пат тоа се случило со премиер или претседател на земја – членка на Европската Унија? ГО ОДБЕГНУВА ОДГОВОРОТ.
Јас го давам одговорот, а тоа е пред да се случи аферата ‘РЕКЕТ’. И сега тука легитимно се поставува прашањето, зошто после аферата НЕМА ПРЕМИЕР ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЗАЕВ, потенцира Николоски.