Македонија 05. април 2018. / 20:33

Николоски: Законот за јазици е закон за спас на кариерата на Али Амети

Николоски: Законот за јазици е закон за спас на кариерата на Али Амети

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, изјави дека Законот за јазици е направен за да се спаси политичката кариера на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Николоски смета дека овој спорен закон, ДУИ го креира насилнички во координација со СДСМ. Наместо законите кои тангираат етнички прашања да се донесуваат во релаксирана атмосфера, власта одлучила тоа да го направи спротивно на интересите на Македонците, дополни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Начинот на донесување на овој закон, Николоски смета дека предизвика негативни реакции кај граѓаните Македонци.

Реакцијата на поранешниот премиер и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сега пратеник Никола Груевски, со истурањето на чаша вода на масата на претседателот на Собранието Талат Џафери, била последица од низата на претходни случувања. Собранието не сакало да ги разгледа амандманите на опозицијата, ниту пак сакало да формира Работни групи на високо ниво. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ била доведена до ѕид, па затоа одлучиле да поднесат огромен број на амандмани. Николоски додаде дека опозицијата ќе настапи конструктивно со тоа што ќе побара повторно формирање на работни групи за спорниот закон.

Според него, иако овој закон е донесен, никој во државата не верува дека може да се спроведе, па затоа е потребно дополнително да се разгледува.