Македонија 09. јули 2020. / 14:02

Николоски: Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски

Николоски: Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај!, вели носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски.

Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа, реагира Николоски.

На Заев му порача дека го чека голем пораз и во четворката и во цела Македонија.

А потоа одговорност. Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?, прашува Николоски.