Зоран Заев е најголем антизападен играч во оваа држава, затоа што веќе трета година Македонија не почна преговори со ЕУ, рече во гостувањето на Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Сервилната политика на Зоран Заев како и ветувањата што ги давал додека бил во опозиција по цена да дојде на власт, за очигледно да ја злоупотребува, не да работи за доброто на граѓаните, сега ја испорачува сопствената цена, вели тој.
Заев се поставува апсолутно сервилно кон брањата на Бугарите. Тоа е така затоа што ветил. Нам ни било кажано од врвни бугарски политичари дека не бараат ништо различно од тоа што Зоран Заев им го ветил. Тоа што им го ветил е бришење на македонскиот народ и македонскиот јазик што е катастрофа што не смее да помине, вели Николоски во интервјуто.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ тоа никогаш нема да го прифати, ниту ќе дозволи, кога партијата ќе има Влада, такви работи воопшто да се поставуваат на маса ниту да се разговара за истите. Потсети дека досега опозицијата два пати побарала лидерска средба по ова прашање, но власта ги одбивала.
Најави и дека во среда 11.04 во Собранието се отвора можност, на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за надворешни работи која ја предводи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, да се побара да се изгради заендичка позиција по однос на условувањето од Бугарија меѓу сите пратеници и сите релевантни политички партии во Собранието .
Ова е добра шанса на таа Комисија да се појави Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи и заеднички да се изгради национална позиција. Ако сакате моја прогноза мислам дека нема да дојдат и нема да се случи тоа затоа што ветиле нешто различно од зачувување на македонскиот национален индентитет и македонскиот јазик, но тоа нема да им помине, рече Николоски.
Доколку се усвојат барањата од бугарскиот парламент, кои според Николовски би биле тотално национално предаство, тоа нема да биде крајот. За две-три години, вели пратеникот, ќе излезат нови барања.
Затоа што тоа е едноставна психологија, доколку видите дека другата страна попушта вие продолжувате со притисокот, или доколку работата ја држите во раце со некоја уцена што мислам дека во моментов се случува, рече Николоски.