Македонија 24. декември 2020. / 23:43

Николоски: Заев сака да ја промени историската Комисија, за да постави нова која ќе му потпише се што сака

Николоски: Заев сака да ја промени историската Комисија, за да постави нова која ќе му потпише се што сака

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ упати три прашања до премиерот Зоран Заев, од кои за третото потенцираше дека е екслузивно.

„Зошто две недели Зоран Заев не одговара дали знаел дека Димитров го озборувал зад грб кај новинари дека бил спремен да потпише нов договор со Бугарија, ама големиот патриот со помош на скопското крило го спречиле? Две недели не одговара“, праша Николоски.

Второто прашање за кое тој рече дека нема одговор е дали е вистина дека блиски соработници на Заев работат на дискредитација на неколку ченови на Комисијата за историски прашања од македонска страна со цел истата да биде променета?

„Комисијата е под надлежност на МНР, Заев сака да ја промени со цел да постави Комисија која ќе му потпише се што сака, а тоа е пред се во делот дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, дека Гоце Делчев е бугарски национален херој, дека овде имало администратори, а не окупатори итн. И се обидуваат да ги дискредитираат луѓето  на тој начин за да имаат образложение во јавноста зошто ги менуваат. Зошто две недели бега од  одговор и на ова прашање коешто е суштинско битно“, праша Николоски.

И третото прашање, екслузивно,  како што рече тој, во најмалку две изјави од врвни функционери на Бугарија слушнавме работи коишто тој како што рече, ги тврди подолго време, а власта не ги негира туку ги премолчува.

„Екатерина Захариева којашто крајно непријателски се однесува кон Македонија кажа дека не била Бугарија единствена против почеток на преговори туку дека постоеле и други држави. Тие немаат проблем со историјата на Македонија туку имаат проблем со тоа дека Владата и Зоран Заев се корумпирани. Второ, претседателот на Бугарија Румен Радев јасно кажа дека до октомври 2019 година Бугарија не правела никаков проблем за почеток проблем за почеток на преговорите на МАкеонија со ЕУ, туку дека почнале да ги прават проблемите после тоа. Што се поклопува со она што јас го зборувам цело време, а тоа е дека во јуни 2018 година Македонија моѓеше да почне преговори, но планот „369“ но Владата на Заев според нивата проценка го реализираше само 42 проценти и паралелно на тоа  влегоа во група со Албанија којашто ја влече Македонија назад. Јас прв кажав дека имаат договор да влезат во група со Албанија, ми велеа дека е тоа научна фантастика, неколку месеци подоцна се оствари и ја повлече Македонија наназад, а Заев лажеше среде собрание, велеше – ,Добивме датум’“, потсети Николоски.