Македонија 11. март 2021. / 12:59

Николоски: Заев прави дефокус на аферата со вакцините повикувајќи се на пријателот Каракачанов

Николоски: Заев прави дефокус на аферата со вакцините повикувајќи се на пријателот Каракачанов

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи за објавата на Каракачанов која обвинува неколку членови на ВМРО-ДПМНЕ за поседување на бугарски пасоши, и истата ја нарече неточна.

Тој во Фејсбук објава напиша дека сето ова е дефокус кој премиерот Зоран Заев пробува да го направа за да ги оттргне очите на јавноста од аферата со вакцините и обидот да се земе провизии од истите.

Огромна АФЕРА со ВАКЦИНИ и обид да се земе ПРОВИЗИИ за истите. Афера од која паѓа и ќе падне Влада.
Што прави Заев? Повикува пријател. Се јавува кај Каракачанов да смислат нешто за ДЕФОКУС. Ама ОЧАЈНИ се не поминува.
Јас друго државјанство освен МАКЕДОНСКО немам! Ама Заеви фирми во Бугарија ИМААТ!
Ние се спротиставуваме на распродажбата на македонскиот јазик и историја, Заев не! Тоа е разликата!
А за Каракачанов освен очај нема друг збор… Дали КРАЈОТ вака мириса…, напиша Николоски.

Огромна АФЕРА со ВАКЦИНИ и обид да се земе ПРОВИЗИИ за истите. Афера од која паѓа и ќе падне Влада.

Што прави Заев?…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, March 11, 2021