Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Неготино рече дека Владата, односно премиерот Зоран Заев нема стабилно парламентарно мнозинство.
-Не гледам дека има стабилно парламентарно мнозинство. Го споделив тоа и со граѓаните на Неготино. За тоа говори фактот дека последен пат собраниска седница е одржана на 3 февруари, кажа Николоски.
Според потпретседателот Николоски дека нема Владата стабилно парламентарно мнозинство говори фактот што не може да се собере мнозинство за да се одржи собраниска сефница скоро цел месец.
-Веќе четврта недела како не може да се одржи собраниска седница од причина што не можат да соберат кворум од 61 пратеник, рече Николоски.