Во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека политиките на Зоран Заев допринесоа до тоа Македонија да е оставена пред невозможен избор – едниот е да се одродиме и да прифатиме нешто што не сме, а другиот е да го направиме тоа за да почнеме преговори со ЕУ.
Николоски рече дека само небото е граница во предавството на овие луѓе, но добро е што комисијата за Бугарија добро си ја работи својата работа, а Заев ќе беше најскреќен да можеше да ја промени.
Според него, секоја држава има своја интерпетрација на работите и е невозножно да се најде една интерпетрација за ист настан меѓу кои било две земји.
– Заев го доведе македонскиот народ пред невозможен избор. Изборот е или македонскиот народ да прифати нешто што не е и да се одроди или да не преговара со ЕУ и да не напредува. Што и да избере од овие две работи е национална катастофа за македонскиот народ и до таа фаза ја донесе Заев работа со комбинација од незнаење и аматеризам и корупција, обвини Николоски.