Македонија 21. октомври 2019. / 10:33

Николоски: Заев ќе остане запишан на најтемните страници на историјата на Македонија

Николоски: Заев ќе остане запишан на најтемните страници на историјата на Македонија

Вчера практично се обзнани и падот на Зоран Заев. Тој од вчера е минато во Република Македонија и заврши неговата политичка кариера, останува запишан на најтемните страници на историјата на Македонија и треба и тие страници да се пишуваат за да паметат следните генерации како не треба, вели Александар Николоски потпретседателот на ВМРO-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на ТВ Алфа.

Николоски потенцираше дека Заев всушност е пример како еден политичар на висока функција може да уништи нешто што децении е создавано.

За жал Зоран Заев е доказ дека еден политичар на врвна политичка функција за три години може да уништи нешто што децении е создавано па дури и векови ако сакате, рече Николоски.