Македонија 22. ноември 2020. / 14:37

Николоски: Заев ја погази народната волја и на сила го промени уставното име

Николоски: Заев ја погази народната волја и на сила го промени уставното име

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето интервју за МКД.мк изјави дека на референдумот за промена на името била погазена волјата на граѓаните и Заев насилно извршил промена на уставното име на Македонија.

На новинарското прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ како опозиција планира да изврши било каква ревизија на резултатите од референдумот, на обвиненијата за поткуп на пратеници и самиот начин на кој се промени името, Николоски одговори:

– Референдумот беше неуспешен. И покрај тоа Заев реши на сила и спротивно на волјата на граѓаните да го промени уставното име. Клучното прашање е дали Македонија четири години подоцна е поубаво место за живеење и дали напредува? Одговорот, за жал е – не. Секојдневни порази и понижувања. И затоа се потребни промени.

На прашањето дали под терминот промени мисли на ревизија на референдумот и последиците кои произлегоа од него, Николоски додаде:

-Референдумот е неуспешен. И затоа не може да има последици затоа што не беше успешен. Тоа беше израз на волјата на народот кој јасно беше против и со своето останување дома јасно искажа став. Сѐ што се случуваше потоа е спротивно на волјата на народот.

Остатокот од интервјуто е достапен овде.