Македонија 21. ноември 2020. / 12:14

Николоски: Заев и Шекеринска и денес не знаат кога ќе почнат преговорите, затоа што датум за преговори нема

Николоски: Заев и Шекеринска и денес не знаат кога ќе почнат преговорите, затоа што датум за преговори нема

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски потсети на еден ТВ дуел со Радмила Шекеринска во кој таа не знаеше да каже кога Македонија ќе започне преговори со ЕУ.

-РЕТРО потсетување на еден антологиски дуел со Шекеринска во кој цела вечер не знаеше да каже НА КОЈ ДАТУМ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ. Не знае ни Шекеринска ни Заев ни денес затоа што датум за преговори нема! 4 години го лажат народот! 4 години лаги, криминал и корупција! Затоа нема преговори!
Време е за ОСТАВКА! Заев е виновен! Погледнете, напиша Николоски.