Македонија 08. октомври 2020. / 23:03

Николоски: Заев и Рашковски нема да се спасат – од ЕУ има голем интерес околу случајот со Давидовиќ – Дака во Тетово!

Николоски: Заев и Рашковски нема да се спасат – од ЕУ има голем интерес околу случајот со Давидовиќ – Дака во Тетово!

Европската унија има голем интерес околу случајот со Давидовиќ – Дака, бидејќи се работи за еден експонент на руска надворешна политика, изјави Александар Николовски вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“

Меѓународната заедница се обрати до мене да ги доставам документите што ги поседувам, се заинтересираа и меѓународни новинари, се заинтересираа и релевантни политичари и институции, така што Зоран Заев нема така лесно да се извлече од целата оваа ситуација. Затоа што се отвора и уште еден сомнеж за конфликт на интереси, изјави Николоски.

Јавноста треба да знае за да помине еден детален урбанистички план прво треба истиот да го одобри Министерството за транспорт и врски. Тоа е одобрено за само 7 дена. Само обичен документ да извадите ви требаат месец дена. Во овој случај, за инвестиција од 200 милиони евра министерството дава дозвола за само 7 дена, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.