Македонија 07. декември 2020. / 19:21

Николоски: Народот го спречи Заев да ја распарчи Македонија, да потпише нешто што Македонец не би помислил

Николоски: Народот го спречи Заев да ја распарчи Македонија, да потпише нешто што Македонец не би помислил

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Владата се обрати пред насобраните граѓани кои бараат оставка на Зоран Заев.

„Бидете горди. Еден прв мал чекор е направен. Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата да ја распарчат Македонија, да капитулираат и да потпишат нешто што Македонец не би помислил“, рече Николоски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, таков потпис нема поради народот кој секојдневно излегува на улиците, затоа што се уплашија од македонскиот народ.

„Затоа што ова е само почеток. Ќе се обидат пак за недела, две, за еден месец. И затоа треба да се сме обединети“, порача Николоски.