Македонија 06. септември 2020. / 19:56

Николоски: Заев и Ахмети треба да одговорат за скандалот со мултимилионскиот бизнис на контроверзниот Миодраг Дака Давидовиќ

Николоски: Заев и Ахмети треба да одговорат за скандалот со мултимилионскиот бизнис на контроверзниот Миодраг Дака Давидовиќ

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски во вестите на Сител зборуваше за скандалот кој деновите го објави во кој е вклучен контроверзниот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ и планираниот бизнис од 200 милиони евра во Тетово.

Пред изборите се појавија разговори во јавноста во кои што овој  контроверзен бизнисмен кажа дека дал мито од 300 илјади евра , а истиот тој го потврди и во писмена изјава, рече Николоски.

Многу јасно кажа на кого ги дал парите,  и давањето поткуп е кривично дело. Она што  е суштински важно е дека во истиот тој разговор се зборуваше за Шик Јелак  и она што го видовме е дека Шик Јелак кој што контроверзниот бизнисмен го поседува  во монментов  е трансформиран во голем урбанистички план кој значи 233 илјади метри развиена површина, од кои 120 илјади метри квадратни се само станови и околку 2000 станови и нето профит од 200 милиони евра, истакна Николоски.

Клучното прашање што се поставува е зошто немаше дебата за ова прашање , како е возможно Министерството за транспорт и врски во февруари да  добие барање за одобрение на планот , а на 28 и веќе да го одобри и тоа само за 7 дена  и како е возможно да се одобруваат вакви мултимилионски бизниси  на контроверзна личност како поддржувач на радикални елементи, како на пример против ЕУ и Нато интеграции.Ова се добри прашања на кои Заев и Ахмети треба да одговорат.