Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно посведочи дека премиерот Бојко Борисов му кажал дека Заев има ветувано работи со цел да ја добие нивната поддршка, потенцираше Александар Николоски на денешната прес конференција.
-Јас јавно прашав дали тие работи и концесии се купување на една национална телевизија, купување на една банка, државни акции во еден телекомуникациски оператор, како и оптички кабел во една голема државна компанија, преку којшто може да се врши проток на интернет, проток на телефонски сигнал, но исто така и еден рудник, а тоа гледаме дека е рудникот Иловица, кој што магично откако се смени сопственикот и доминантен сопственик од канадска компанија станаа бугарски олигарси, наеднаш почнува да добива дозвола за работа.
Најавувам дека во следниот период ќе објавиме конкретни работи и документи за оваа работа.
Зоран Заев е спремен за нова национална катастрофа и уривање на сите позиции кои што македонската држава и македонскиот народ макотрпно ги граделе во децениите наназад, рече Николоски.