Македонија 08. јули 2020. / 12:11

Николоски: Заев, Димитров, Шекеринска го направија најголемото национално предавство, барем да се скријат а не да се гордеат

Николоски: Заев, Димитров, Шекеринска го направија најголемото национално предавство, барем да се скријат а не да се гордеат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4, Александар Николоски се осврна на реакциите на СДСМ во врска со пораката која вчера Ципрас ја упати до Зоран Заев.

Ние сакаме горди Македонци!

Не можам да им се изначудам на Заев, Димитров, Шекеринска и кликата околу нив, ни срам ни перде, го направија најголемото национално предавство, барем сега да се скријат, да молчат, а не да се радуваат и гордеат, вели Николоски.

Откако ги поздрави Ципрас и тој упати поздрав со песна до Заев, Димитров и Шекеринска.

Спаси ме Боже, од болните луѓе
што се накажани,
та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.

Тие се мислат повикани да водат
како Мојсија и другите пророци
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.

Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам –
штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам, заврши Николоски.