Македонија 29. јули 2019. / 15:29

Николоски: Заев бега од избори зошто знае дека ќе изгуби

Николоски: Заев бега од избори зошто знае дека ќе изгуби

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во вестите на Канал 5 истакна дека премиерот Зоран Заев е на врвот на корупцијата во државата.

Николоски го повика Обвинителството да го викне Заев на распит за корупцијата во државата, но исто така да бидат повикани и неговите блиски соработници.

Никој не би се согласил да даде рекет на овие кои што сега се во притвор, посочи Николоски и уште еднаш повтори дека Заев е главата на криминалниот октопод.

Во интервјуто Николоски кажа дека по средбите со странските дипломати заклучено е дека Заев не може сам да ги води политичките процеси во државата, пред се поради тоа што е делегитимиран по бројните скадали. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека воспоставениот систем мора да се промени, дека не може опозицијата да е цел на притисок и прогон, туку треба да е актер. Тој кажа дека опозициската партија го предлага законот за Обвинителство се со цел сите криминалци да одговараат, како поранешните така и актулените функционери.

На прашањето за изборите, Николоски кажа дека СДСМ бега од предвремени парламентарни избори, бидејќи знае дека ќе изгуби.

Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ на сите начини ќе се борат за предвремни избори да се одржат, па дури и најави масовни протести.

После сите корупциски скандали, власта мора да одговора, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и додаде дека тоа е доволна причина за одржување на избори. Смета дека диктатура е тоа што по огромниот скандал со набавките за М-Нав, генералниот секретар Драги Рашковски не одговара никако, а новинари се повикани на распит во МВР.