Македонија 04. март 2021. / 18:10

Николоски за весникот „Илинден“: Гоце Делчев е столб на македонскиот идентитет и за тоа не смее да се преговара

Николоски за весникот „Илинден“: Гоце Делчев е столб на македонскиот идентитет и за тоа не смее да се преговара

Денеска за македонскиот весник „Илинден“ на македонското малцинство во Албанија, свое интервју имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

1. Македонски весник „Илинден“: Г-дин Александар Николоски, кој е ставот на ВМРО – ДПМНЕ по барањата на Бугарија за Гоце Делчев, Македонскиот јазик и Македонското национално малциство во Бугарија?

Г-дин Александар Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Гоце Делчев е дека за Гоце Делчев нема преговори, Гоце Делчев го претставува македонскиот идентитет и за тоа прашање не може да има никакви преговори. Ликот на Гоце Делчев претставува столб на македонскиот идентитет и симбол на вечната борба за Македонија. За мене се неразбирливи ставовите на Заев и не разбирам како еден македонски политичар може воопшто да помисли да преговора за ликот и делото на еден великан како Гоце Делчев, или пак да преговара за македонскиот јазик, култура и историја. Неговите изјави прават огромна штета на Република Македонија и со политиката на Заев на потпишување на договори кои создаваат проблеми со соседите само се разнебитува македонската држава. Македонското национално малцинство во Бугарија се соочува со проблеми и тажно е што земја членка на ЕУ има таква политика спрема малцинството на соседна држава. Тоа не се европски политики и европски вредности. Факт е дека македонското малцинство во Бугарија постои, организирано и Бугарија треба да го почитува тоа. Кажав и претходно, политички аматери ја водат Македонија, потпишуваат договори кои наместо да ги решаваат проблемите, договорите создаваат нови проблеми со соседите. ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори за зачувување на националните интереси на македонскиот народ и црвените линии.

2. Македонски весник „Илинден“: Актуална тема во татковината Македонија е пописот, знаеме дека ВМРО – ДПМНЕ почна да собира потписи против законот за попис како се движи собрањето на потписите?

Г-дин Александар Николоски: Во моментов граѓанската иницијатава за закон за поништување на политичкиот попис кој на сила сака да го спроведе актуелната власт надмина 100 000 потписи, во навистина краток рок и сакам да честитам и да се заблогадарам на сите граѓани кои се потпишаа на оваа иницијатива. Големиот број потписи значи дека македонскиот народ се буди и дека е против овие штетни политички договори на коалицијата на власт. Пописот треба да е статистичка операција а не политичка, пописот мора да биде статистичка операција, согласно сите стандарди за спроведување попис. Процесот кој власта го турка на сила го губи легитиметот уште на првиот ден со тоа што сите видовме дека онлајн попишувањето има пропусти и дека резултатите ќе бидат делеку од реалноста.

Останатиот дел од интервјуто, можете да го прочитате ТУКА.