За жал цената на неспособноста ја плаќаат граѓаните, тука не е само вакцинацијата. Прво оние кои се болни од корона немаат соодветен третман, оставено е на матичните лекари, а приватните болници прават воено профитерство
Граѓаните буквално во паника и домовите ги продаваат за да се лекуваат. Врв на оваа пирамида е вакцината. Масовно се вакцинира во регионот. Србија во овој момент е втора во Европа и седма во светот по број на вакцинирање. Овие што се на власт кај нас , му се потсмеваа на Вучиќ дека бил неспособен , изолиран, а Заев интернационалниот е последен во светот. Кај му се на Заев пријателите да им сврти и да набави вакцини, праша Николоски.
На колку директори на производители на вакцини се јави и праша на вакцини . Зошто го лажат македонскиот народ, за ова ќе се одговара, кажа Николоски.